Ison, еден од највлијателните луѓе на грчката и европската клупска сцена, ги споделува своите искуства за клупската сцена во време на пандемија. Тој вели: „Клупската сцена вклучува многу повеќе од самата музика, пред сè играњето, комуникацијата, колективната енергија и споделување на уникатно доживување на подиумот. Клупската сцена не е место каде што може да се практицира дистанца, сосема спротивно всушност.“

Ison е заслужен за многу големи имиња кои настапувале во Скопје, како Gus Gus, Mathew Jonson, Ben Klock, Miss Kitten, Tale of Us, Heidi, Mind Against, DJ Hell и други. Тој својата кариера ја започнува многу млад како продуцент и радио водител, исклучиво фокусиран на амбиент дип, техно и минимал саунд. Ison е основач на колективот NON, копродуцент во Actor One, има издадено сингл за Heidi Present Jackathon и пуштано музика на повеќе од 2.000 журки досега.
Како промотер и креатор на еден од најзначајните фестивали на современата електронска музика Reworks Festival, тој успева истиот да го внесе во потесна колаборација со уште неколку значајни европски фестивали, вклучувајќи го и Sonar Barcelona. Неговите маратонски 8 часовни сетови на Reworks секоја година се една од најспектакуларните журки на фестивалот.
Како диџеј има настапувано насекаде во Европа, вклучувајќи настани во Барселона, Берлин, Копенхаген, Стокхолм, но и во Скопје.
Неговата екстремна страст за електронската музика му овозможува се уште да го држи статусот на еден од највредните и најпосветени луѓе на електронската сцена.

ИА: Reworks е еден од најголемите и омилените фестивали во регионот. Оваа година поради Ковид состојбата бевте приморани да се преадаптирате и да го поставите  фестивалот онлајн. Кој беше пристапот во осмислувањето и дефинирањето на програмата во рамки на овие ограничувања?
Ison: Кога се случи Ковид, на нас беше да донесеме одлука. Дали да бидеме пасивни и да не правиме ништо, како што сите останати фестивали во Грција на крајот направија, или пак да се обидеме да останеме активни така што ќе креираме нешто поинакво и соодветно на моменталниот контекст во кој живееме. Одлуката беше едноставна, сепак сме фестивал кој никогаш не се повлекол дури и во најцрните моменти од економската криза. Од самиот почеток поставивме и се подготвуваме за две возможни сценарија, едното за редовно одржување на фестивалот со физичко присуство, и второ алтернативно во случај ако има ограничување за одржување на редовен фестивал. За второто сценарио не размислувавме само да направиме нешто колку да се каже дека фестивалот се одржал, туку сакавме да креираме нешто поинакво во споредба со постоечките онлајн стриминзи кои се случуваат. Ни беше важно да понудиме комбинација од различни активности, да ги задржиме принципите на reworks и reworks agora, тргнувајќи од звучната естетика па се до самиот проект. Горд сум и среќен бидејќи на онлајн изданието на Reworks Connekt успеавме да донесеме артисти од различни континенти кои ќе сорабоуваат, се обидовме и верувам дека успеавме да презентираме уникатни локации во поинаков контекст, комбинирајќи ги со модерна музика, и поврзување на Солун со градови како Токио, Барселона и други.

ИА: Забележав дека поголемиот дел од гостите говорници на Reworks Agora се жени. Дали е ова нова културна и интелектуална сила во Грција во која доминираат жени експерти?
Ison: Секогаш сме верувале дека не постои доминација на некој пол, или пак одлучувачка сила или нешто слично кога зборуваме за уметност, наука, општество или било кој друг сегмент. Барем тоа е нашето убедување. Од првиот ден, жените секогаш биле дел од Reworks, па дури и сме имале чест и задоволството за некои жени артисти да бидеме местото за нивниот прв настап. За мене движечка сила не е полот, туку талентот на артистите, нивните ставови или пак некој проект на кој работат.

ИА: Колкаво е влијанието на Ковид-19 врз музичката индустрија и заедница во Грција?
Ison: Ах, многу. За жал во Грција поддршката на уметноста, а особено на музиката речиси ја нема. Како да не постоиме. Но, така било одсекогаш во Грција и ние никогаш не сме се потпирале на некаква поддршка, секогаш сме размислувале што ние можеме да постигнеме и кое ниво на организација ние го имаме. Иако моменталните услови не се многу охрабрувачки, јас секогаш сакам да мислам позитивно. Сакам да верувам дека повеќе луѓе, особено млади луѓе ќе одберат да се изразат преку музика или било која форма на уметност. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи, наместо само да си го губат времето.

ИА: Дали веруваш дека клубската сцена ќе се врати како во пред Ковид времето, или пак ќе треба да се адаптираме, да научиме како да работиме и да се забавуваме со новите регулативи и огранучувања?
Ison: Не би рекол дека сум песимистичен, туку дека се плашам. Мислам дека ќе помине подолго време пред условите да се вратат како во пред Ковид времето, јас естимирам дека ќе ни бидат потребни 4-5 години. Имам и свои аргументи за ваквото мислење, но за тоа е потребна сосема нова дискусија. Така да, мојот одговор е дека нема друго решение освен да се адаптираме.

ИА: Дали мислиш дека работењето во согласност со новите регулативи и органичувања ќе предизвика крај на клупската култура како што ја знаеме, или пак дека тие ќе иницираат придвижување на клубската култура во некој нов поинаков правец?
Ison: За жал клубската сцена е еден од секторите кои се под директен удар. Во некои случаи, а тука ќе ја додадам и Грција, мислам дека сцената целосно ќе ја снема, бидејќи не гледам никаква желба од страна на владата за поддршка на секторот, ниту пак промотерите и артистите се здружени со цел да се борат за поддршка и своите права. Комерцијалната музика како што е турбо фолк или локална поп музика ќе преовладаат, пак.

ИА: Дали мислиш дека иднината на електронската денс сцена е во платформи за дигитален и live streaming?
Ison: До некаде да, бидејќи во моментов овие стриминг платформи се единствениот пристап до артистите кои ги сакаме и единствен начин да ја слушаме нивната музика. Но, клупската сцена вклучува многу повеќе од самата музика, пред сè играњето, комуникацијата, колективната енергија и споделување на уникатно доживување на подиумот. Клубската сцена не е место каде што може да се применува дистанца, сосема спротивно всушност. Поради тоа верувам дека еден ден кога ќе се вратиме во нормала, ако воопшто се случи тоа, електронската музика и целата култура околу неа ќе бидат меѓу првите активности кои луѓето ќе ги побараат назад.

Со ISON разговараше Илина Ангеловска.


Ison, one of the most influential people on the Greek and European club scene, shares his experiences about clubbing scene during the pandemic. He says: “Electronic dance music involves the activity of dancing. In other words, communicating, getting together, sharing a unique experience. It is not a culture that supports distance, on the contrary.”

Thanks to Ison many big names has performed in Skopje, such as Gus Gus, Mathew Jonson, Ben Klock, Miss Kitten, Tale of Us, Heidi, Mind Against, DJ Hell and others. He started his career very young as a producer and radio host, exclusively focused on ambient dip, techno and minimal sound. Ison is the founder of the band NON, co-producer of Actor One, has released a single for Heidi Present Jackathon and has played music at over 2000 parties so far.
As a promoter and creator of one of the most important festivals of contemporary electronic music Reworks Festival, he managed to arrange a closer collaboration with several other important European festivals, including Sonar Barcelona. His Reworks marathon 8-hour sets each year are one of the festival’s most spectacular parties.
He has performed as a DJ everywhere in Europe, including events in Barcelona, ​​Berlin, Copenhagen, Stockholm, but also in Skopje.
His extreme passion for electronic music allows him to still hold the status of one of the most valuable and dedicated people on the electronic scene.

IA: Reworks is one of the biggest and most beloved festivals in the region. This year, due to Covid-19 you were forced to redesign the festival on- line. How did you conceptualize the programme within this framework?
Ison: When Covid knocked our door, we had a choice to make. To either be inactive and do nothing like all festivals in Greece did in the end unfortunately, or to try and remain active by creating something different with context given the current environment we live in. The decision was easy to make, as a festival even on the darkest periods of the economic crisis we have been always there active and never withdraw. From the very beginning, we came up with two plans, one of a physical edition but incase we wouldn’t be able to carry it out to have an alternative. But not a solution just for the sake of doing something but actually creating something different to the majority of the online concepts we have seen elsewhere. We wanted to have a combination of activities, maintaining the principles of reworks and reworks agora, from the sound aesthetic to the actual project it self. I am very happy because on reworks connekt our online edition,  we have managed to bring together artists from different continents to actually collaborate together, tried and I believe we have succeeded to present unique locations for the first time on a different scope, combining them with contemporary music, while connecting Thessaloniki with cities such as Tokyo, Barcelona and more.

IA: I’ve noticed that the majority of the guest speakers at the Reworks Agora are women. Is the new cultural & intellectual force in Greece dominated by female experts?
Ison: We always believed that there is no gender domination, or decision making force or whatsoever when it comes to art, science, social or any other sector. At least this is what we believe in. We always had since day one female representation, in fact we had the honor and pleasure in some cases to be among the first destinations for female artists to perform for example. But the driving force for me is not the gender, but the actual talent, or opinions, or project that will enable us to actually invite this person.

IA: How hard Covid-19 affected the music community in Greece?
Ison: Oh very. In Greece unfortunately as in other countries the level of support towards arts, especially towards our sector is almost none. Its like we don’t exist somehow. But it was always like that in Greece and we never relied to support, it most important what us can achieve and the level of organization we have. Although things seem not promising at all, I always like to look on the positive aspect. I want to believe that more people, young people will now look towards expressing them selves through art or music, of any kind. I certainly hope that, instead of them just killing time you know.

IA: Do you believe that the club scene will go back to the way it was pre- Covid or we’ll need to adjust & learn to work & play within the new rules and regulations.
Ison: On that I am not that pessimistic I am afraid. I think it will take quite some time for things to get the same as the pre-Covid era, I would estimate around 4-5 years for that. I can elaborate on the reasons for this,  but it takes  a whole different discussion around it. So to answer to your question, there is no other way than to adapt.

IA: Do you think that working within those regulations will bring the end of the clubbing culture as we know it or will they steer the scene towards a new direction?
Ison: Unfortunately clubbing culture is among the sectors that will be mostly affected yes. In some cases and I am adding Greece also here it might even going to be wiped out, as I don’t see any sort of desire from the state to support, neither a body or unity between the promoters to actually fight for their rights. More commercial music such as modern folk or local popular will prevail once again.

IA: Is the future of the electronic dance scene in the digital streaming platforms you think?
Ison: Yes in the sense that at least for now those streaming platforms are the mean of actually listening and watching the artist that you love. But electronic dance music involves as the word says the activity of dancing. In other words, communicating, getting together, sharing a unique experience. It is not a culture that supports distance, on the contrary. This is why I believe that when and if we will get back to some sort of normality again, this music and the culture around it,  will be there to be among the first ones that people will look for.

ISON was interviewed by Ilina Angel.

News

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *