Back to the top

За нас

ТЕРАПИЈА претставува платформа чија цел е креирање на простор за развој на независна културна и клупска сцена. Македонија отсекогаш имала вибрантна клупска сцена која била на рамниште со сцените во регионот и Европа. Клубовите беа витални места на поврзување, ослободување и задоволства. Ние, креаторите на платформата ТЕРАПИЈА, силно веруваме дека истата енергија може да се постигне доколку се вложи во промена и адаптирање на новата ситуација.

Пандемијата физички нè одалечи, но виртуелниот простор има потенцијал да ги надминува овие предизвици. ТЕРАПИЈА е место на кое ќе се поврзуваме едни со други со цел заживување и развој на електронската музичка заедница.

Ги насочивме нашите погледи кон иднината додека ги негуваме корените во минатото за да ги споиме новите технологии со уметноста, да ги активираме нашите тела и критички да го ангажираме умот. ТЕРАПИЈА ве повикува на колективно дејствување со цел спас на нашата сцена.

Куќни правила
Расизмот, хомофобијата, трансфобијата и сексизмот не се прифатливи во нашите клубови и нема да бидат толерирани како дел од ова заедничко виртуелно дружење. Почитта кон другиот е наш врвен императив, а говорот на омраза, малтретирањето и вознемирувањето се најстрого забранети.