Техно сцената во Детроит, рејв експлозијата во Обединетото Кралство, подемот и падот на познатите диџеи, ефектите на дрогата врз денс музиката и други приказни.

Крајно време е да се вооружите со интересни содржини за рејвови и вистинска литература за танцување, идеални за читање во топлината на вашиот дом.  Проверете ја подоле курираната листа на книги инспирирани од рејвови, каде што ќе научите сè за техно сцената во Детроит, рејв експлозијата во Велика Британија, подемот и падот на познатите диџеи и влијанието на дрогата врз денс музиката.

Energy Flash: A Journey Through Rave Music and Dance Culture (Simon Reynolds)

Врвната приказна за рејвот „Energy Flash“ во Велика Британија го следи развојот на културното движење од самите негови почетоци, преку „увезениот“ хаус и техно звукот од Чикаго и Детроит, сè до развојот на поджанровите како jungle, drum & bass и trance, а ја допира и улогата на екстазата во тој период.  Во интервјуата беа вклучени клучни имиња од сцената во Обединетото Кралство како Paul Oakenfold, Derrick May, The Stone Roses, A Guy Called Gerald, Aphex Twin, Jeff Mills и Richie Hawtin.

Last Night A DJ Saved My Life: The History of the Disk Jockey (Bill Brewster i Frank Broughton)

Со нивната книга „Last Night A DJ Saved My Life“, Бил Брустер и Френк Бротон го водат читателот на стогодишно патување со музика во етерот, од првата плоча емитувана во 1906 година до појавата на диско и хаус музиката.

Techno Rebels: The Renegades of Electronic Funk (Dan Sicko)

Книгата „Techno Rebels“ од Ден Сико ја раскажува приказната за потеклото на техно движењето во Детроит и навлегува во локалната социјална и економска позадина од која настанала сцената.

The Haçienda: How Not to Run a Club (Peter Hook)

Поранешниот басист на Joy Division и New Order, Питер Хук, во својата книга „The Haçienda“ ја раскажува неверојатната и урнебесна приказна за истоимениот клуб од Манчестер, кој бил одржуван во живот од заработените парите на New Order од продажба на рекорди.

Adventures on the Wheels of Steel: The Rise of the Superstar DJs (Dave Haslam)

Дејв Хаслам, музички новинар и поранешен диџеј на манчестерскиот клуб Hacienda, во својата книга „Adventures on the Wheels of Steel“ зборува за потрагата по суштината на ноќниот живот, а попатно запознава клабери, промотери и диџеи од ерата на движењето за субкултура на модови, но и оние од поновата доба како што се Sasha, Fatboy Slim и Pete Tong.

Lost and Sound: Berlin, Techno and the Easyjet Set (Tobias Rapp)

Во својата книга „Lost and Sound“, Тобиас Рап го следи подемот на берлинската електронска сцена од 2000 година наваму, поврзувајќи го тој феномен со појавата на евтините летови и клубскиот туризам.  Во книгата се зборува и за клучните издавачки куќи и клубови и за придобивките од дигиталната ера.

High Society: The Real Voices of Club Culture (Melissa Harrison)

Мелиса Харисон е автор на колажот „High Society“, кој се состои од „сведоштва“ на клабери, промотери, баунсери, диџеи и доктори тесно поврзани со клупската култура во периодот од 1988 до 1998 година.

The Life & Lines Of Brandon Block: The Official Brandon Block Biography (Matt Trollope)

Во биографската книга „The Life & Lines“ потпишана од Мет Тролоп, Брендон Блок, познат по дивиот клубски живот и зависноста од кокаин што му ја уништи преградата, ја открива приказната за неговиот живот и искуството на долгогодишното рејвање.

Turn the Beat Around: The Secret History of Disco (Peter Shapiro)

Во својата книга „Turn the Beat Around“, Питер Шапиро ја раскажува приказната за жанрот диско, кој се појавил во седумдесеттите години на минатиот век и ги поставил темелите на денс музиката.

Superstar DJs Here We Go!: The Rise and Fall of the Superstar DJ (Dom Phillips)

Поранешниот уредник на списанието Mixmag, Дом Филипс, во својата книга „Superstar DJs Here We Go!“  пишува за феноменот и појавата на диџеите и нивното брзо стекнување на статус на божество.  Освен за хедонистичките аспекти на диџејскиот живот, Филипс пишува и за темната страна на сцената.

Life and Death on the New York Dance Floor: 1980-1983 (Tim Lawrence)

Тим Лоренс во книгата од 600 страници „Живот и смрт на њујоршкиот подиум за танцување: 1980-1983“ го донесува врвниот увид во ноќниот живот во Њујорк од почетокот на осумдесеттите со преку стотина фотографии и интервјуа со клучните личности на американското денс движење.

Преведено од: https://klubikon.com/2017/11/26/11-knjiga-o-rejvu-koje-morate-procitati/

Uncategorized

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *