Суштината на рејвот беше слободата. Суштина. Рајв. Слобода. Беше… Денес, во ова изопачено време, не е чудно што и рејвот малку се изопачи. И затоа велам суштината беше. Кој знае, можеби некогаш ќе се врати. Некои од вас не ни знаат како ја избркавме. Не грижете се, ќе ви дадам неколку примери. Некои нема да се согласат со мене, но додека го пишувам ова, Freemasons и хитови од 2007 ми се вртат низ слушалките, па сакале или не, не ми е гајле. Дозволете ми да го плукнам она што на јазик ми лежи и да ви објаснам.
КУЛ Е КОГА НЕ СТЕ КУЛ
Позери, фенсери, пластични калаштури, сплаваруши, ова е за вас. Па, Бергхајн не е луд што на врата има луѓе кои се избацувачи/психолози/модни критичари. Не можеш да дојдеш во клуб Tube во одело и кравата. Не, значи, не. Убаво кажа Вановиќ: teget lone, bela čuka, vidi maju što je bruka. И тоа е сѐ што ти треба за да џускаш со сите и поприродно да се вклопиш сабајле во пекара кога ќе купуваш леб за мајка ти, да не се мачи жената. Исто така, ако не ти е убаво, одете си. Зошто се измачуваш и себеси и другите околу тебе со твојата негативна енергија? Но, знам зошто остануваш, затоа што е кул да си виден и си слушнал дека диџејот е популарен, па мораш да останеш и да се правиш кул како Теодосиќ кога ќе погоди тројка за да победи Не, пријателе, на рејвот сакам да си повеќе Штимац, а помалку Тео.
Поентата на журките и рејвовите е да се чувствуваш слободно, а не кул. Поентата е меѓу илјада луѓе да се чувствуваш како да си сам во својата соба и да играш на твојата омилена песна. Поентата е да се чувствуваш СЛОБОДНО да играш, да скокаш, да се смееш како што сакаш во тој момент без никој да те гледа како да си луд. Игнорирај ги таквите луѓе, тие се пропаст и на рејвот и на животот. Дали ми е мене гајле кога традиционално ќе ги соблечам чевлите во зори среде Dance Arena и одам бос? Ме жуљаат патиките, сонцето убаво почнува да грее, ми доаѓа да ги соблечам. Затоа што сакам. Затоа што можам. Кој ќе ми забрани? Оние со изненадени погледи и што се крстат кога ќе ги видат моите влакнести сензуални шепи број 46? Мислиш дека ми е гајле што мисли некој? Јас сум на рејв, не смеам, не можам и не ми е гајле. Што би рекол лудиот Мел Гибсон: „FREEDOOOOOM“! И тогаш се воодушевувам кога непознат лик до мене ќе ги соблече патиките и ќе почне да скока со мене. Во тие неколку секунди ми е подраг од брат ми. Па, сега ти реши кого повеќе сакаш до себе, ние двајца идиоти или двајца намуртени ликови, додека Марко Карола фрла некој нереален House на толпата која е осветлена од сонцето.
КАМЕРИ СПРЕМНИ ЗА СВЕТКАЊЕ
Има ли нешто полошо од тоа некој да насочи блиц кон твоите и онака чувствителни зеници додека целосно си се внел во музиката и си се препуштал на талентот на диџејот? Добро, секако дека има, ама мајка му стара… Секое сликање и снимање во клубот треба да се сведе на минимум. Како може човек убаво да се опушти кога некој постојано демне да те слика во компромитирачка положба? Правиш неколку слики за да ја прикажеш атмосферата и тоа е тоа. Се разбира, за тоа не се криви ни фотографот, тој само си ја работи работата, ниту организаторите на журките се виновни за тоа, едноставно стана обврска на секој можен начин да се рекламираат во морето на конкуренцијата. Иронично, криви сте сите вие што излегувате за да бидете видени. Вие сте тие што го создадоа ова неподносливо барање. Штета е затоа што реалниот свет е многу поубав од виртуелниот, иако во него изгледате подобро.
ЈА ПАЛАМ ПОСЛЕДНАТА ЦИГАРА
„Па, пушач ли си?“ НЕ! Дали сериозно ми промовирате револуционерно ново ултра турбо тенко пакување цигари со вкус на боровинки среде рејв??? Иако неодамна испушив 17 цигари и можеби ја развив првата метастаза на рак на белите дробови, за тебе НИКОГАШ ВО МОЈОТ ЖИВОТ НЕ СУМ ЗАПАЛИЛ ЦИГАРА! Само го чекам денот кога ќе ми пријде и ќе имплодам како голоград Брач на бензинска пумпа: ЕБЕТЕ СЕ, ПРОМОТЕРИ, ЕБЕТЕ СЕ! А најсмешното е што не се криви ни кутрите маченици, девојките само си ја вршат работата. Јок, тие сакаат да се шетаат низ искривената рејверска гужва. И сега тука е крив некој трет, четврти лик, да не ве гњавам, веќе разбирате. Но, дали е важно кој е виновен? На нас кои патиме баш и не ни е.
БОМБИТЕ НА ДЕВЕТЕТИТЕ
Дрога. Секогаш сеприсутна, тек на журките. Секогаш сум се држел до онаа изрека: златна средина. Затоа, што и да правите, не претерувајте. Особено со дрога. Тотално две различни работи се земањето дрога за подобрување на музичкото уживање и одењето на забава за да се издрогирате како најлошиот зависник што дури ни сопствената мајка не го сака. Навистина е морбидно кога гледаш како некоја молумртва личност ја вадат од журка. И оној морничав празен поглед како душата да му е исцицана и мозокот да му се стопил. После тоа, како да се посветиш на музиката со таква слика во глава? Ако сакаш да дотолку да се издрогираш, оди во своја соба, пушти музика и уништувај се колку сакаш, не мора да им го расипуваш расположението на другите. Говедо.
БЕРЛИНГРАД
Оваа година е мислам неповторлива кога е прашање гостување на странски диџеи. Скоро секој викенд имавме прилика да уживаме во сетовите на некој од најценетите артисти на електронската сцена. Е сега спремете се за дрва и камења пошто ќе го кажам следново – би било подобро да има помалку журки и рејвови. Да, да, помалку. Зошто? Затоа што мислам дека со големите букинзи полека ја убиваме ова наша сценица. Исчезна онаа желба за провод, она слатко чувство на исчекување на некоја одлична журка. Вака знам дека секој викенд ќе има нешто во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагујевац… Имаме прекрасни домашни диџеи кои неретко се подобри од некои звучни имиња и можеби би требало да купуваме малку повеќе домашни. Секако, сосема е во ред да не се согласите со мене пошто мислењето е субјективно, но сакав да ви ги насочам мислите во тој правец, а после секој по свое.
„ЕЕЕ ООО“
Ќе ве задавам. Сфатете веќе дека според нашиот бонтон е крајно нецивилизирано и неприфатливо. Идете на Хардвел и слични и викајте што сакате. Иако, и тоа веќе го нема, фала богу.
И, за крај на оваа моја балада, ќе ја споделам со вас мојата омилена слика затоа што велат дека сликата вреди илјада зборови. Слика полна со суштина.
Погледнете ја секоја личност на оваа слика. Секој е слободен. Секој е во својот свет, а сепак сеприсутен. Сите ние сме потполни странци, но во исто време и членови на исто семејство. Семејство во кое се грижиме еден за друг, даваме гуми за џвакање, цигара, голтка вода кога е најпотребно, си ги соблекуваме чевлите еден на друг, ве расположуваме ако не сте расположени, доаѓаме и заминуваме насмеани, делиме радост и даваме слобода. За мене тоа е сѐ. За мене тоа е суштината.
Преведено од: https://bgdgrotto.com/2016/09/26/kako-smo-ubili-sustinu/