ШАРК е еден од пионерите на македонската ДиЏеј-ска, техно и хаус сцена. Неговите почетоци се далеку во 1996та, како редовен гостин со настапи во сите тогашни, култни и битни за сцената, подиуми, како Клуб Дали (ex Менада), Клуб Метропол, еден од резидентите на никогаш не прежалениот, клуб ЕЛЕМЕНТ (иако одамна затворени сеуште важат за култни подиуми, кои ги знаат и денешните клабери), во одреден период резидент ДиЏеј на забавите организирани од промотерската куќа БАЛАНС.
Микс пултот го делел со светски фаци како Gene Farris, Louie Vega, Samuel L. Session, Derrick May (овој у последно време и не е баш за фалење), Ла Ди Да. Бил музички уредник и резидент во првите 2 години на СЕКТОР 909, редовен во Кафе Пабло, Баду Бар, Радио Бар. Што ќе каже дека се работи за ДиЏеј со големо искуство на сцената, со истенчен, префинет вкус за хируршки прецизен избор на музика, па затоа терминот The Djs DJ можеби е најсоодветен зад неговото име.
Музиката не сака жанровски да ја дефинира, и во денс музиката за него постои само хаус и техно, без под жанрови, па затоа во неговите сетови ќе слушнете и deep, и tech, и funky, и vocal, и electro, и breаks, и се она што го прави подиумот по разновиден и по динамичен. Изминтите 7-8 години настапува и под друг алијас, како DJ IKE, кои сетови се селекција од Funk, Disco, Groove’s & Beats, Nu Disco, Disco Breaks … вистинска енциклопедија на внимателно одбрани музики. Со 23 години поминати позади микс пултот и сериозното искуство на танцувачките подиуми, имаме уште еден ДиЏејсаурус на македонскиот клабинг, кој, ако до сега не сте го слушнале, време ви е!!!