Роден и базиран во Скопје, музичарот, артист и диџеј AKA Thesaur има изградено репутација како еден од скопските најбрутални и искрени креативци. Инспириран од својата квир култура и неговата љубов кон експериментални електронски звуци, неговата работа често го привлекува вниманието на публиката со својот “у фаца” пристап.
AKA Thesaur започна да експериментира со музички стилови кога откри дигитални програми за креирање музика. Подоцна неговата уметност зазема форма од неуспешни романси со кои се справуваше преку креирање и исто така големо влијание од алтернативни електронски/трипхоп артисти, како Radiohead, Sevdaliza, James Blake, Portishead… Квир културата имаше големо влијание на неговата храброст, пристап на сцена и токму така започна како диџеј.
Тој започна како диџеј од љубопитност кога работеше во Shortбus, каде што стана резидентен диџеј. Неговиот музички стил варира помеѓу хаус и техно, електроника и амбиентална музика, и доста екпериментална. Но, тој отсекогаш имал слатка точка за “рејв” музиката.