Сашо Узун е DJ од новата генерација на млади диџеи од Македонија и дел од екипата на култниот клуб Сектор 909.

Неговиот стил е комбинација помеѓу хаус и техно силно инспириран од фундаментите на електронската музичка сцена на Чикаго, Детроит и Њу Јорк надополнет со извонредна техничка спремност позади декови.

Освен како соло DJ има b2b проект заедно со неговиот роднина Огнен Узуновски наречен Uzun Brothers, кој е интересен спој на повеќе жанрови на електронската музика.

А во изминативе години има настапувано со артисти како Moodymann, Derrick May, Dan Curtin, D’Julz, Virginia, Cinthie, Detroit Swindle, , San Proper, Wes Baggaley и други.

 

Сашо Узун

Локација

Скопје

Жанр

,

Социјални Мрежи

  facebook
  instagram