Александар Балдазарски е мултимедијален артист, радио хост и диџеј со специфично познавање во полето на звук и визуелизација, стекнато од многубројни настани базирани на аудио/визуелна продукција, кое денес го употребува во своите музички проекти и псевдоними: B.ATL, Baltronic, Skopjw и Baltiq.
Како музички продуцент, ја балансира својата работа на раб помеѓу абстрактни битови, интригирачки мелодии и теренски снимки. Во меѓувреме се надоградува како архитект и други активности како фотографија, дизајн, и радио. Во моментов е активен со радио емисијата ‘Ghettoblast’ на култното скопско радио Канал 103, презентирајќи широка палета на електронска, хип хоп и индие музика.
Во периодот од 2011 до 2017 бил активен член во следниве музички организации:
- DSPH – (електронско уметничко движење, кое започна со радио емисија, организација на настани и заврши како музичка издавачка куќа)
- KANAL 103 (2010 – 2015) и (2020 – ……. )
- Disphilharmonia (2010 – 2013) (Експериментален лап топ квартет кој е базиран на аудио/визуелно творење. Импровизација и концептуална естетика.
- BTKRSH (Екипа од ДЈ-и и мултимедиа артисти/ организирани настани низ Скопје)