Еден од најактивните продуценти изминатите години, скопската колективна свест првпат го бележи името на Андреја Салпе како една половина од електронскиот музички состав BarumBarum, со кој издава за матичната етикета PMG Tanz Digital, Samo Records, како и за амстердамската етикета Sinchi Collective, која ја лансира музиката на BarumBarum до диџеј сетовите на Andrew Weatherall, Nick Warren и други супер-стар легенди.

Исто така, дел е од еклектичното електронско дуо Dj Magija, чијашто музика во текот на изминатата година се најде под покривот на интернационалната етикета Night Noise, PMG Tanz Digital и Sharla Records. Ко-сопственик е на македонската електронска етикета PMG Tanz Digital.

Вистински музички фанатик, со необичен и секогаш креативен израз во неговата музичка селекција, најавува три ЕП изданија, од кои едно под покривот на Quixotical Records и две за матичната етикета PMG Tanz Digital, каде остварува неколку значајни соработки со наши и интернационални артисти. На крајот од оваа година неговото име ќе го најдет е на идната компилација од француската етикета Critical Monday.

Andreja Salpe

Локација

Скопје