Мартина Пенева има 23 години, а со музика се занимава веќе 3 години, од кои во последната година е најактивна на скопската сцена. Првиот диџеј сет го има во Shortbus, а во Амок радио веќе е резидент диџеј. Нејзини позначајни настапи се на отворањето на биеналето за млади уметници во Музеј на Современа Уметност, Скопје, како и на Beach Film Festival во Охрид.
Истражувајќи го звукот, таа започнала да создава амалгам слоеви кои се испреплетуваат со разни звуци од природата, како и synths и samples. Нејзиниот звучен идентитет е воден од мистичен, длабок и органски карактер. Нејзината музика е секогаш концептуална со однапред одредена тема и цел.