Јулијана Милутиновиќ е глас на радио, ДЈ и автор на неколку музички емисии. Groove Relation, емисија во која е коавтор заедно со Антонио Џон и која веќе 19 години е секојдневна во македонскиот етер како и Искорак, авторска емисија која се емитува на Првата програма на Радио Нови Сад.
Порасната е со музика која подоцна ја дефинира во нејзините еклектички сетови. Најголемата инспирација од секогаш ја има во класичната музика, а ништо помалку не се инспиративни џезот, фанкот, диско и соул музиката. Во нејзините емисии и сетови се чувствува таа инспирација и секогаш нејзините музички приказни се проткаени со џези, фанки, диско, соулфул, дип хаус и класик хаус ноти кои ветуваат гарантирано задоволство кај публиката.