Уште како млад и надежен артист JosS го развива својот стил и уникатен начин на миксање многу брзо.
Неговата музика вклучува House, Minimal, Micro House и Techno,
сето тоа спакувано многу умешно во неговите сетови.
JosS исто така е дел од колективот HAUZ,
каде што го унапредува својот стил заедно со уште неколку музички ентузијасти.

Уникатен избор на музика и одличен стил на миксање се работи кои го одликуваат JosS.
Посебно внимание посветува на деталите на звукот, без посебни придржувања кон одреден стил.
Особена пасија има кон собирање плочи, а со тоа непрекинато ја надоградува домашната колекција.
Работи на авторска музика и наскоро се очекува негово издание.
Се појавува како дел од тимовите на промотерските организации Акто, Хауз и Пирка.

JosS