Galatheia или Теа Шалдева е артистка и диџејка која работи и живее во Скопје. Во последниве 15тина години се појавува во множество од музички инкарнации: во минатото член на PMG Kolektiv од 2013та до 2017та година и на Александар Велики во 2019та, а во последнава година е една половина од Dj Magija, состав кој веќе брои неколку домашни и интернационални изданија. Под псевдонимот Galatheia продуцира музика од 2010тата година и има неколку EPа и еден албум, “Метропол”. Нејзините диџеј сетови се симпатичен доказ дека во неа се крие мал рејвер, мал трансер и најмногу од сé, мало детиште што не сака да престане да си игра.

No upcoming event scheduled

Galatheia