Огнен Узуновски Оги или Узун Баба е роден во Скопје 1974 год. Неговиот интерес кон музиката започнува уште во младоста од плочите на неговиот татко преку кои се запознава со разни жанрови на музика. Исто така, голема инспирација му е и радио емисијата Диско Селектор на Македонско радио, каде се запознава со групи како: Depeche mode, Kajagoogoo, Yello, Inxs, Duran Duran и др.
Во раните 90ти почнува со дружбите во кафе Пабло, каде се собираа сите промотери, диџеји и публика, претставувајќи го својот жанр музика, имаше од се по нешто. Журките што до крајот на 90тите се организираа беа транс, некогаш техно/хаус и почесто тек хаус. Кон крајот на 90ти по запознавањето со Самоил Радински заедно го формираат Баланс. Баланс е куќа за промоција на ж́урки основан на 15.07.2000 креиран од Самоил Радински, Огнен Узуновски, Иван Тодоровски и Др. Смилен Димитров. Првата забава на Баланс се случи со Дерик Меј на Градиште во Охрид 15.07.2000. Тоа е и датумот од кога му се менува животот во една друга насока, тотално поинаква од предходната. Следи период кога започнуваат сериозни забави, настани на различни локации, се случи превод на книгата на Лорен Гарниер, Електрошок на македонски јазик, организираше две едиции на фестивалот Фонетика во Струга, а подоцна во 2014та се реализира неговиот сон, сонуван повеќе години од кога го гледа Џеф Милс со Француска филхармонија, поточно идејата да се направат повеќе различни комбинаторики со различни артисти од Детроит.
Овој сон прераснува во реалност со креирање на проектот наречен Музика Универзалис, каде Огнен Узуновски Оги е продуцент и визионер, а Емин Џијан како клучен човек за реализација на проектот е оркестратор/диригент. Првиот концерт се случува на 2.08.2014 година со Дерик Меј и Македонска Филхармонија. Подоцна се реализираа повеќе концерти во Гент, Париз, Ница, Детроит, Мец, Мелбурн. Во 2016та година проектот беше дел од фестивалот 9ет во Белград, кога настапуваа Хуан Аткинс заедно со Белградската Филхармонија, а на 29.08.2019 проектот за прв пат беше претставен и во Лондон.
Оги во 2008 година се вклучува во клубот Сектор 909 како партнер и од тогаш се менува комлетно работата на клубот и почнува со промоција на артисти и забави, кои ќе го стават Сектор 909 на мапата со реномирани клубови во Европа и во Светот, клубови кои негуваат вистинска квалитетна андрграунд сцена.
Узун Баба или OG! започнува со диџејство од 2006 година. Во моментов настапува под две алтер ега, како OG! кога има техно/електро настапи и како Узун Баба кога настапува со хаус, диско. Оги милува секаков тип на музика (мора да е квалитетна), неговото мото е “I love music any kind of music“. Тој е диџеј за секаков тип на подиум.
Најново нешто што му се случува на музички план се настапите со неговиот роднина Сашо Узуновски, под името Браќата Узун/ Uzun Brothers. Сашо како претставник на помладата генереација, и заедно со Оги креираат back to back настапи правејќи баланс на безвременското и модерното.