Интригирана од необичните звуци коишто можат да бидат пронајдени во електронската музика, NastasyaKish пронаоѓа интересни начини за нивна комбинација и ги споделува со публиката. Нејзините сетови се доста еклектични и може да се најдете помеѓу различни жанрови , почнувајќи од slow burners до acid.
За краток период од нејзината музичката кариера, веќе беше резидент на андерграунд
клубот Минус Еден, има гостувано со музички сет во Белград и во Санкт Петербург.
Таа е активен член на културниот колектив Скопски Грув (чии настани се незаборавливи, од сценографски до музички аспект), којшто беше создаден на крајот на 2017тата година.
Во 2019тата година, од љубов кон плочите, заедно со Double G, ја отвораат првата онлајн плочара Wax Revival Store во Скопје, којашто донесе свежина во градов.
Од 2021 година е дел од екипата на Амок Радио.