Митрик се појавува на сцената во 2013 година и го гради своето име заедно со својот бренд Room 313, каде е основач, промотер, организатор на настани и диџеј.
Оваа етикета брои повеќе од 100 организирани настани (клупски и фестивалски) до ден денес, на кои биле промовирани многу македонски и странски артисти од различни жанрови и правци низ електронската музика. Ваквите соработки влијаат на него со што му ги отвараат музичките граници и го дополнуваат рецептот за негов диџеј сет.
Настапи имал низ многу клубови и фестивали. Како продуцент е дел од дуото Vaxine 313.