Милена Крстевска е независен мултимедијален уметник, музичар и сценски изведувач кој на електронската сцена се појавува под нејзиниот псевдоним Клара во 2015 година како дел од женскиот колектив и проект насловен “Code XX”. Нејзиниот талент проникнува рано во детството и созрева со класично-музичко школување. Таа денес е глобално почитуван и препознаен уметник по нејзините емотивно обоени, космички DJ – клубски и сценски настапи во живо кои оставаат уникатен отпечаток за слушателот.

Оригиналноста на нејзиниот звук произлегува од искуствена манифестација на творештвото од природата, космичките феномени и мистичните искуства за кои таа сведочи и твори. Трансцедентноста и иманентноста на експресивните форми кои се во постојана динамика со време-просторот не дозволуваат да се предвиди нејзиниот стилски отпечаток во лимитирани граници на познатото.

Нејзините дела се распостранети глобално низ бројните музички подкасти на кои гостувала како Monument, Silent Season, Prior Act, Deep, radiOzora, Oslated, Warok и многу други.
Со својата авторска музика се има претставено со дела на компилации за Warok (Paris), Deep Electronics (Netherlands), Charybdis (Berlin), автобиографија за The Memoir (Hypnus Records, Sweden) итн.

Таа е активен член на “female:pressure” меѓународната мрежа на жени, трансродови и не бинарни уметници од областа на електронската музика и дигиталните уметности основана од Electric Indigo во 1998 година.
Покрај авторските и сценските делувања, таа и социо-политички придонесува за културната сцена како преку оваа, така и преку други слични мрежи и проекти на кои таа активно работи и делува.
Своето знаење во моментов го проширува нудејќи и услуги како мастеринг инженер, звучен дизајнер, едукатор и техничар за звук и осветлување.

 

 

Klara

Независен мултимедијален уметник, музичар и сценски изведувач, мастеринг инженер, звучен дизајнер, едукатор и техничар за звук и осветлување.

Локација

Скопје

Социјални Мрежи

  facebook
  soundcloud