Ивана Драгшиќ е одгледана на танц подиумите-во-настанок во Скопје. Емоционално врзана за визијата на Summer of love и екстази еуфоријата, пловејќи низ хетеро-патријархалната рамка на модерното општество и култура, таа е исклучително сериозна кога станува збор за музиката која доаѓа од маргиналните заедници на отпор. Таа секогаш настојува да ја претстави интерсекционалноста на техно и танц културата во нејзините диџеј и радио сетови. Ивана непретенциозно го бараше и го пронајде своето место во клубовите низ годините, главно обраќајќи се на квир публиката, иако секогаш со задоволство ги размрдува сите тела. Одовде, нејзините диџеј сетови се состојат од свеж electro-break, acid afro, хип хоп и house траки, честопати измиксани со неодредени жанрови на електронска музика. Ивана зазема посебно место на сцената како млада девојка која се вмеша во машката работа на диџејство и водење радио емисии.

Ivana Dragsic

Локација

Скопје