Имми Деари е млад и талентиран диџеј кој живее и работи во Базел, Швајцарија. Тој е роден во Гостивар но поголем дел од својата едукација ја поминува во Скопје каде станува составен дел на клупското живеење. Ретки се диџеите на нашата сцена кои се едуцирани во музичките школи совладувајќи ги сите елементи на класичната музика и свирење на инструменти. Тоа кај него ќе создаде самодоверба да од својот прв настап се чувствува музичкиот талент и се препознава леснотија во перформативните експресии.
Ими музички како сите од неговата генерација е еклектик и колекционира музика која е по квалитет препознатлива. Сепак кога би требало да го опишеме неговиот стил би рекле дека сите варијанти на андерграунд електро и асид хаус преовладуваат ставени во амалгам со техно и класични хаус теми. Од жесток клабер на подиумите, сцената доби моќен диџеј чија енергија буквално е континуирано во своите највисоки фрекфенции.
Во својата земја има настапувано повеке пати во Епицентар, LongBus, РадиоБар, ShortBus, Minus Eden итн. Во Швајцарија започна да работи продукција и допрва ке можеме да ги слушнеме првите продукти, но ја користи секоја прилика да настапи во клупските простори во Базел. Има настапено во Heimat, Sommerresidenz, Klein&Geheim итн.
Имми Деари по сѐ е многу оргинална, талентирана и сериозна појава на сцената, со моќ истата да ја препороди со нов квалитет и млада публика.