Душко Јаневски е еден од најоригиналните домашни артисти/диџеи, кој низ годините успеа да создаде свој лесно препознатлив музички израз. Со диџеинг професионално се занимава од 2001 година, а продукциски најчесто осцилира на оската помеѓу електро и техно звукот.

Позади себе има 3 студиски албуми издадени за PMG Recordings, како и голем број синглови издадени за неколку светски реномирани дигитални етикети. Во 2007 година ја основа етикетата Juan’s Kitchen Delights Recordings, за која има издадено преку 70 свои синглови и потпишано изданија од уште неколку артисти од земјава и околните држави. Потполно неоптеретен од трендовите во издавањето, како вистински еколог, посветен е исклучиво на дигиталното издаваштво. Во моментов живее и работи во Скопје, каде покрај ангажманот со JKDRecordings, дел е и од Audiobahn платформата и нивни резидент диџеј.

 

 

Душко Јаневски

Локација

Скопје

Жанр

,