Феки Фарис е еден од основачите на Македонската електронска сцена. Во 1997 година, тој ja започна својотa професионална кариера како Dj, па после и како продуцент, промовирајќи ја својата музика на глобалниот музички свет. После многу успешни настапи по фестивали и клубови во Скопје и низ Македонија, кариерата ја пресели и на Балканот и Европа.
Под името “Sound Manipulation” има организирано и реализирано безброј настани,фестивали со звучни имиња во светот на електронската музика,како кај нас така и во Албанија. Феки Фарис е еден од ретките дј од Мк кој има настапувано во повеке Европски и Балкански земји, како Чешка, Франција, Германија, Швајцарија, Австрија, Грција, Хрватска, Бугарија и други.
Има настапувано заедно со познати имиња како: Dennis Ferrer, Derrick May, Deetron, Sven Vath, Loco Dice, Steve Bug, Оxia,Black Coffee,Louie Vega, David Morales и многу други. Неговата музика варира од Deep House до Detroit Techno создавајќи уникатен стил што секако ја задоволува целата публика.