Почнувајќи од 2020 година K-R-K е експериментален диџеј кој се среќава низ просторите на Скопје. Тој го обликува својот стил најмногу од времето поминато на подиум, слушајќи различни селектори и стилови. Со гостински миксови на повеќе радија и во последно време со резиденција на платформата Комрад, неговите миксови поминуваат низ различни жанрови и темпоа.

Под влијание најмногу од мрачни звуци, неговите диџеј сетови се надополнуваат со органски елементи, испрекршени електро битови и асид елементи кои излегуваат од психоделична природа.