DJ Брка е столбот на белградската андерграунд сцена во последните 30 години. Тој е промотор на култната Disco Not Disco, настан кој опстојува од 2007 година, без спонзорства и реклами туку благодарејќи на неговата енергија и ентузијазам.

🔊 Тој е резидент DJ во клубот 20/44. Brka има неверојатно познавање од музиката, а неговите сетови се комбинација од house и disco, но и помалку популарни жанрови. Овој артист е значајна фигура во клупскиот живот во Србија, оставајќи траен белег на сцената и пред публиката. Трендовите и стиловите се менувааат, но неговата енергија и квалитет опстојуваат и се секогаш препознатливи.