Горан Кан е еден од ветераните на македонската клубска сцена, кој ја започна кариерата како DJ и продуцент 1998 година со House и Techno музика. Од својата прва резиденција 2001 година, во клубот ‘Хавана’ Скопје, па до денес, Горан има настапувано во сите позначајни клубови низ Македонија, како и во околните земји. Редовен артист е и на фестивалите Exit, Love fest, Summertrip. Како продуцент има издавано музика за Primal Force, Soma, SAF, Minisketch, Impact Mechanics, Flux, Logos, Artefact, Atonal, Lucky light, Decoded, Pata-pata.

Има издадено и 2 електронски албуми, и тоа еден на својата издавачка куќа ‘Kerkez music’, и еден на PMG Rec.

Горан беше инволвиран и во неколку проекти како ‘Concept show’, радио емисиjа која што ја водеа заедно со англичанецот Mark Williams, како и во неколку промотивни куќи вклучувајќи ги Drop series и Разглас.

Goran Kan

Локација

Скопје

Жанр