Доаѓа од панк свирките во подземните скопски гаражи, созрева во intelligent drum & bass светот тежнеејќи кон звукот од 90-те. Прв пат се запознава со грамофоните на работилница за dj-инг организирана од D2, и од тој момент dj-ингот станува нејзина пасија. Diah во своите настапи ги спојува своето минато и искуство во енергични сетови исполнети со bass-heavy брејкови и атмосферични текстурирани мелодии.

Нејзините сетови се емоционална сеанса, во спектар од хипнотично техно, стеларени мелодии со acid градација.

Има настапувано со UVB, Shugar Loby, Dr.Rubinstein, Anetha, Saud, A//O, Claro Intelecto, Ellen Allien, Alexander Robotnick, Gemza, AWB, Blawan. Во регионот има гостувано во Србија, Албанија и Косово.

 

  • Feb27

Diah

DIAH е алиас позади кој стои Дијана Димитриевска, dj-ка која веќе 8 години е дел од локалната клубска сцена, пред се како drum & bass dj и радио водител но постепено гравитирајќи кон хипнотично bass-heavy техно, acid и electro.

Локација

Скопје