Извештај за ноќната економија 2026
Годишна публикација на Nighttime Foundation.
Меѓународно лансиран на Светскиот економски форум во Давос.

Преку Терапија.мк, сакаме со јавноста во Македонија да споделиме важни информации за значењето на ноќната економија на глобално ниво.

Night Time Foundation е глобална непрофитна организација која ја поддржува и унапредува ноќната економија ширум светот, поврзувајќи креативни заедници, креатори на јавни политики и институции. Тие го објавија Глобалниот извештај за ноќната економија, наречен NTER, кој обединува повеќе од 300 релевантни студии од различни делови на светот. До денес не постоеше единствен, систематизиран пристап кон разбирањето и управувањето со ноќната економија, и токму затоа овој извештај претставува значаен чекор напред.

Според наодите од извештајот, 3% од глобалниот БДП е директно поврзан со ноќната економија, со проценето годишно влијание од 3 до 4 трилиони. Дополнително, едно од десет лица во светот работи во овој сектор, без да се пресметаат секундарните работни места кои индиректно зависат од него. Овие бројки јасно покажуваат дека ноќната економија не е маргинална појава, туку сериозен економски и општествен сегмент.

Како платформа што со години се залага за клупската култура, независната сцена и урбаната креативност, Терапија.мк смета дека овие податоци се важни и за македонскиот контекст. Поддршката на културата од заедницата и просторот што се развива одоздола нагоре е клучна за автентичноста и идентитетот на секој град, вклучително и нашиот.

Погледни го извештајот тука https://nter.report/

Uncategorized

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *