Дамјан е млад диџеј и љубител на електронската музика, кој својот уметнички израз го пронаоѓа во уникатната комбинација на acid techno, hypnotic techno, electro и breakbeat.

За него, музиката не е само средство за забава, туку начин за создавање на спонтаност што ги води слушателите до состојба на комплетна слобода. „Секој ритам, секој бас, секоја мелодија и секоја перкусија има своја цел,“ вели тој.

„Кога танцувате ослободени, телото го презема водството, а тоа чувство е како влез во нова димензија.“

Заедно со неколку другари, Дамјан успева да создаде заедница која се залага за редефинирање на клупската култура на локално ниво. Нивната визија е да го поврзат најдоброто од различните жанрови и звуци, соработувајќи со артисти со специфични стилови заедно на една сцена.