јуни 6, 2021
Пред три недели Министерството за култура, по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, го отвори својот двор и го стави на располагање на уметниците како отворена сцена.
Работиме на виртуелно поврзување на задоволството и ослободувањето, сѐ додека не можеме физички да се собереме, да танцуваме и да се потиме понесени од заедничката еуфорија.

Во меѓувреме, поддржани од нашите културни институции испраќаме порака дека сакаме:

  • Општество надвор од нормализираното секојдневие.
  • Простор за експериментирање и слободен развој.
  • Дом за заедницата.
  • Место за естетски и социјален дискурс.
  • Можност за алтернативни концепти и визии.

Овие отворени простори мора да бидат заштитени и заедно имаме задача да ги направиме бесплатни за сите членови на нашето општество.

Клубовите и колективитетот можат одново и одново да се измислуваат, а алтернативни концепти на клупски културни настани се можни дури и во време на пандемија, доколку се спроведат со одржливи хигиенски концепти, децентрализирани и одговорни.

Би сакале уште еднаш да ја изразиме нашата љубов и почит до секој еден/а од вас, со надеж дека наскоро ќе можеме да се собереме и физички сите заедно.

Сè уште сме тука.

Потребна ни е поддршка.

Без нас овој град ќе биде друг.

Без нас општеството ќе биде друго.

Дотогаш, ќе примаме #терапија преку видеата кои може да ги најдете на нашиот официјален #YouTube канал 👇

🔊📺🎥 http://bit.ly/YouTubeTerapija

Линк до настанот на Facebook: https://www.facebook.com/events/1175731346231915/