октомври 10, 2021

Седмо издание на Tерапија!

Недела (10.10.2021) во 21ч ќе можете да го проследите седмото издание на Терапија кое се случи на железничката станица Скопје. Со поддршка на Еurope House и Делегација на Европска Унија акцентиравме на жените на електронската сцена и во музичката индустрија.

Како локација Железничката станица беше избрана по повод пристигнувањето на европскиот воз #ConnectingEuropeExpress на 13.09.2021, кој патуваше преку 26 земји од Лисабон и неделава пристигна во Париз. Со тоа симболично ја одбележи 2021 година како Европска година на железницатa.
Авторот на оваа градба е јапонскиот архитект Кензо Танге и била изградена помеѓу 1971 и 1981 година, а првиот воз пристигнал во Транспортниот центар на 27 јули 1981 година. Таа е исто така, дел од мега структурата „Градска порта“ која не доживеа целосна реализација.

Интересно е да се нагласи дека ова е најголемата мостовска конструкција во земјата, но и одличен пример за
бруталистичката архитектура во главниот град.

Link до настанотhttps://www.facebook.com/events/232002585630356