февруари 27, 2021

После толку долго време поминато во отсуство на сцена, музика и луѓе се чувствуваме дистанцирано, оддалечено и исклучено. Но, пријателствата остануваат и траат!

Со помош на нашите долгогодишни пријатели на клупската сцена #Heineken одлучивме да заземеме став, да направиме напор за да го вратиме чувството коешто не обединува и кое сите нам ни недостасува!

Тоа што секогаш не правело да бидеме љубители на техно музиката, не е единствено музиката сама по себе, туку начинот на кој таа ги поврзува луѓето, моќта со која манифестира интеракција помеѓу нив и секако екстатичното искуство да се биде едно со задоволството кое го даваат ритамот и средината заедно.

Намерата на Терапија стримингот во никој случај не е замена за вистинското, споделено искуство и прегратките на подиумот. Сметаме дека дигиталниот изолиран микс никогаш не би можел да го замени горенаведеното, но ние сепак сѐ уште имаме надеж дека ќе ги активираме вашите сетила, ќе овозможиме да земеме дел од искрата и да ја доведеме до вас во форма на радост и уживање со помош на светлата и музиката.

DIAH веќе 8 години е дел од локалната клупска сцена, пред сѐ како drum & bass dj и радио водител, но постепено гравитирајќи кон хипнотично bass-heavy техно, acid и electro. Diah во своите настапи ги спојува своето минато и искуство во енергични сетови исполнети со bass-heavy брејкови и атмосферични текстурирани мелодии.

Нејзините сетови се емоционална сеанса, во спектар од хипнотично техно, стеларени мелодии со acid градација.

Секако, нејзините сетови се слушани и во Албанија, Србија и Косови како и на фестивали каде има настапувно со UVB, Shugar Loby, Dr.Rubinstein, Anetha, Saud, A//O, Claro Intelecto, Ellen Allien, Alexander Robotnick, Gemza, AWB, Blawan.

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/704778386856592/