мај 27, 2023 мај 27, 2023
Time: 20:00
Venue: Национална опера и балет

Ајде да разговараме!

Уметничкото образование на Terapija: Can Rave Save Culture? Ќе разговараме со уметници, активисти, личности од различни области. Can Rave Save Culture? е посветен на теми од квир култура како различност, феминизам, учество или осаменост, симбиотски тела, расизам унапредување на правата на ЛГБТИК заедницата и многу повеќе.

Изминативе години се случува голема промена во општеството, а тоа се одразува и на музичката индустрија и фестивалите, како и на клупската култура.

На 27 мај, сабота, во фоајето на Македонската опера и балет (МОБ) Терапија организира мултимедијален настан. Станува збор за настан кој ќе постави нови стандарди во визуелното прикажување на перформансите, како и на електронската музика генерално. Затоа што настаните на глобално ниво се променија – добија нова димензија.
Здодевните дискусии или монолитни забави мора да се заменат со повеќе боја, светло, звук и енергија.

Како што се наближува месецот на гордоста, а повеќе од било кога претходно, потребно е да се обединиме околу идеалите за мир, толеранција, љубов и почит кон различностите.

Овој настан ќе биде исполнет со DJ артисти и перформери, активисти и уметници, кои ќе бидат дел од музичкиот, но и од едукативниот дел.

Наскоро ќе објавиме повеќе детали за сите учесници. Следете нѐ и поддржете нѐ, но искрено и од срце.