декември 16, 2023 декември 16, 2023
Time: 21:00
Venue: BKW
Терапија се адаптираше на новото време и затоа секој настан е посебен и се разликува од другите.
Трите години постоење ќе ги одбележиме и со уникатна pre-party забава со нашиот илустратор, радио водител и креативец – ИНДОГ.
Тој ќе ни презентира различни музички жанрови. Од џез и хаус, па се до диско панк.
Сепак, на 16 декември, во BKW публиката ќе може да ја погледне и неговата последна изложба „Во цут“. Менталното здравје е во фокус на оваа изложба, преку која се презентираат нови визии за колективното добро, за заштита на природата и луѓето.
ИНДОГ ќе презентира широк спектар на винили, од различни временски епохи и стилови.
На 16 декември, се гледаме на pre-party во BKW и продолжуваме во Minus Eden