март 6, 2021
После толку долго време поминато во отсуство на сцена, музика и луѓе се чувствуваме дистанцирано, оддалечено и исклучено. Но, пријателствата остануваат и траат!
Со помош на нашите долгогодишни пријатели на клупската сцена #Heineken одлучивме да заземеме став, да направиме напор за да го вратиме чувството коешто не обединува и кое сите нам ни недостасува!
Тоа што секогаш не правело да бидеме љубители на техно музиката, не е единствено музиката сама по себе, туку начинот на кој таа ги поврзува луѓето, моќта со која манифестира интеракција помеѓу нив и секако екстатичното искуство да се биде едно со задоволството кое го даваат ритамот и средината заедно.
Намерата на Терапија стримингот во никој случај не е замена за вистинското, споделено искуство и прегратките на подиумот. Сметаме дека дигиталниот изолиран микс никогаш не би можел да го замени горенаведеното, но ние сепак сѐ уште имаме надеж дека ќе ги активираме вашите сетила, ќе овозможиме да земеме дел од искрата и да ја доведеме до вас во форма на радост и уживање со помош на светлата и музиката.
Виктор е роден во Скопје, Македонија во 1993 година. Уште во тинејџерските години го привлекува електронската музика и започнува да работи како DJ. Набрзо потоа стана дел од локалниот колектив Drop Series.
Покрај резидент ангажманите во Скопје бил дел од повеќе интернационални журки и фестивали низ Европа.
На Факултетот за музичка уметност од Скопје го има завршено курсот на тема „Вовед во продукција на музика“.

https://www.facebook.com/events/884064265773529/