јануари 16, 2022
Time: 21:00
Терапија заедно со Heineken ви го претставуваат осмото издание кое може да го следите на нашата #Facebook страница и #YouTube канал на 16.01.2022г во 21 часот.
>>🎥📺🔊
http://bit.ly/YouTubeTerapija
Интригирана од необичните звуци коишто можат да бидат пронајдени во електронската музика, NastasyaKish пронаоѓа интересни начини за нивна комбинација и ги споделува со публиката. Нејзините сетови се доста еклектични и може да се најдете помеѓу различни жанрови , почнувајќи од slow burners до acid.
За краток период од нејзината музичката кариера, веќе беше резидент на андерграунд клубот Минус Еден, има гостувано со музички сет во Белград и во Санкт Петербург.
Таа е активен член на културниот колектив Скопски Грув (чии настани се незаборавливи, од сценографски до музички аспект), којшто беше создаден на крајот на 2017тата година.
Во 2019тата година, од љубов кон плочите, заедно со Double G, ја отвораат првата онлајн плочара Wax Revival Store во Скопје, којашто донесе свежина во градов.
Од 2021 година е дел од екипата на Амок Радио.
Терапија се залага за солидарниот одговор на Ковид-19.
Свесни сме дека следните месеци ќе бидат предизвик за здравствената состојба кај нас и дека Терапија стримингот во никој случај не е замена за вистинското, споделено искуство и прегратките на подиумот, но сепак се надеваме дека со сетот на NastasyaKish на 16.01.2022г (недела) ќе ги активираме вашите сетила и ќе овозможиме да уживате со помош на светлата и музиката.
Покрај вниманието кое го посветуваме на звукот, визуелниот аспект е исто така од големо значење на Терапија настаните.