После толку долго време поминато во отсуство на сцена, музика и луѓе се чувствуваме дистанцирано, оддалечено и исклучено. Но, пријателствата остануваат и траат!
Со помош на нашите долгогодишни пријатели на клупската сцена Heineken одлучивме да заземеме став, да направиме напор за да го вратиме чувството коешто не обединува и кое сите нам ни недостасува!
Тоа што секогаш не правело да бидеме љубители на техно музиката, не е единствено музиката сама по себе, туку начинот на кој таа ги поврзува луѓето, моќта со која манифестира интеракција помеѓу нив и секако екстатичното искуство да се биде едно со задоволството кое го даваат ритамот и средината заедно.
Намерата на Терапија стримингот во никој случај не е замена за вистинското, споделено искуство и прегратките на подиумот. Сметаме дека дигиталниот изолиран микс никогаш не би можел да го замени горенаведеното, но ние сепак сѐ уште имаме надеж дека ќе ги активираме вашите сетила, ќе овозможиме да земеме дел од искрата и да ја доведеме до вас во форма на радост и уживање со помош на светлата и музиката.
Горан Кан е еден од ветераните на македонската клупска сцена, кој ја започна кариерата како DJ и продуцент 1998 година со House и Techno музика.
Од својата прва резиденција 2001 година, во клубот ‘Хавана’ Скопје, па до денес, Горан има настапувано во сите позначајни клубови низ Македонија, како и во околните земји. Редовен артист е и на фестивалите Exit, Love fest, Summertrip.
Како продуцент има издавано музика за Primal Force, Soma, SAF, Minisketch, Impact Mechanics, Flux, Logos, Artefact, Atonal, Lucky light, Decoded, Pata-pata.
Има издадено и 2 електронски албуми, и тоа еден на својата издавачка куќа ‘Kerkez music’, и еден на PMG Rec.
Горан беше инволвиран и во неколку проекти како ‘Concept show’, радио емисиjа која што ја водеа заедно со англичанецот Mark Williams, како и во неколку промотивни куќи вклучувајќи ги Drop series и Разглас.