The Ritual
The Ritual е уникатно музичко искуство што ги спојува исклучителните таленти на маестрото на хаус музиката и добитник на Греми награда Louie Vega, со меѓународно познатата диџејка, продуцентка, артистка и основачка на Nulu Records, Anané.
Овој настан до сега се има случено во најдобрите beach и ноќни клубови низ светот, и со текот на времето стана задолжителен дел од „bucket list“-от на туристите во Ибица, Грција, а сега и Мајами.
Anané го опишува искуството вака:
„Во зависност од тоа што пуштаме и во која насока одиме музички, тоа ја поставува атмосферата на забавата. Се надополнуваме еден од друг, но истовремено се изразуваме и индивидуално.“
Louie додава дека публиката директно ја чувствува оваа посебна хемија:
„Фактот што го правам ова со мојот животен партнер внесува нешто навистина посебно – начинот на кој ја пуштаме музиката и емоциите што си ги споделуваме. Публиката тоа го чувствува.“
Како што секој филм има своја музика што станува дел од нашиот живот, така и The Ritual создава саундтрак на вашите летни доживувања – без разлика дали сте на плажа или во клуб. Изборот на музика секогаш е вистински, а Anané и Louie носат совршена комбинација од глобална денс музика, која ви нуди палета од музички бои што ве води од ден во ноќ.
Тие најдобро го опишуваат како feel good пристап кон создавање еуфорична атмосфера – место каде што уживате во прекрасните пејсажи, синото небо и жешкото сонце што заоѓа, а ноќта отвора нова димензија преку музика.

